Со одигрувањето на последниот натпревар од Д групата во кој Унгарија ја победи Холандија, познат е изгледот на Групата 2 во втората фаза на ракометниот Мундијал.

Унгарците со овој триумф го освоија првото место, а со тоа префрлија и три бода во следната рунда. Холандија ќе стартува со 2, а Македонија со 1.

Противници на овие три селекции ќе бидат трите првопласирани од Ц групата. Франција која имаше максимални три победи пренесе 4 бода. Австријците 2 од триумфот над Катар кој ќе почне од нула (0).

Според првично објавениот распоред, натпреварите во групата 2 ќе се играат во вторник, четврток и сабота (22, 24 и 26 јануари).

Македонија ќе стартува во дуел со Австрија (вторник). Потоа ќе следи натпреварот со Катар (четврток), а Франција на мегдан црвено-жолтите ќе ја имаат последна (сабота).

Засега саатницата не е потврдена имајќи во предвид дека Французите кои важат за фаворити за највисок пласман најверојатно ќе ги сменат термините. Тоа се должи на договорот на ИХФ со телевизиските компании (не само француската) кои ги диктираат термините (саатниците) за ТВ преносите.

РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ / ГРУПИ | СП 2025 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
СПОРТ БАР