Вкупно единаесет натпревари ноќеска с еодиграа во НБА лигата. Од нив ги издвојуваме поразот на Бостон на гостувањето во Торонто, триумфот на Њу Јорк по продолжение и победата на ЛА Лејкерс.
Екипата на Торонто по десет врзани порази во дуелите со Бостон конечно успеа да слави. Рапторси пред своите симпатизери победија со 110-97. РЏ Барет и Јакоб Поелтл натпреварот го завршија со дабл-дабл ефект третата победа во низа на Торонто. Барнет заврши со 22 поени и 10 скокови, а Поелтл имаше 16 поени и 11 скока.
Најнеизвесниот натпревар го одиграа Филаделфија и Њу Јорк, а гостите славеа победа по продолжение со 119-125.
До триумфот Никси ги предводеше Џејлен Бронсон кој постигна 16 од своите 38 поени во последната четвртина и продолжението. Џош Харт придонесе со својот 11-тиот трипл-дабл во кариерата завршувајќи го дуелот со 10 поени, 17 скока и 12 асистенции.
Тимот на Лос Анџелес Лејкерси ја прекина низата од три порази. Лејкерс пред својата публика го совладаа Мајами со 117-108.
Хачимура беше прв стрелец со 23 поени, Дејвис имаше даб-дабл со 22 поени и 11 скока, а на Леброн Џемјс му фалеше еден скок за таков ефект. Леброн натпреварот го заврши со 22 поени и девет скокови. Во поразентата екипа прв стрелец беше Тајелр Јиро со 34 поени.