Федерика Брињоне е победничка на денешната велеслаломската трка од светскиот Куп во алпско скијање.
Италијанката оствари најдобар резултат на патеката во австрискиот ски-центар Семеринг.
Таа во двете возења имаше вкупно време од 2.03,14 минути.
Тоа беше за 57.стотинки подобар резултат од второ рангираната Сара Хектор од Шведска.
Подиумот го надополни Австралијката, Алис Робинсон која заостана 90.сторинки зад победничката.
Дамите остануваат во Семеринг каде утре ќе се натпреваруваат во слалом.