Божиќната НБА понуда донесе шест натпревари. ЛА Лејкерс славеа против Голден Стејт, а Минесота над Далас, додека Феникс му се реваншира на Денвер.
Во реприза од финалето на Западната конференција од минатата сезона, Минесота победи со 99:105 на гостувањето кај Далас. Домашниот тим за малку ќе ја надополни негативата од 28 поени, но не успеа да ја комплетира.
Ентони Едвардс со 26 поени ги предводеше „волците“ до победата, додека Џулиус Рендл додаде 23 поени и 10 скока.
Кајри Ирвинг постигна 39 поени за Маверикс, а Лука Дончиќ додаде 14 поени, но за само 16 минути игра. Словенецот се здоби со повреда и предвреме го заврши натпреварот.
Драматично беше во Сан Франциско каде Голден Стејт играше против Лос Анџелес Лејкерс. Гостите победија со резултат 113:115. а херој беше Остин Ривс, кој погоди на секунда до крајот.
Леброн Џејмс со 31 поен и десет асистенции ги предводеше Лејкерси до победата, во неговата 11-та победа на Божиќ. Остин Ривс оствари трипл-дабл од 26 поени, десет скока и десет асистенции. Стивен Кари постигна 38 поени но, а Голден Стејт го претрпе 11-от пораз во последните 14 натпревари.
Пред само два дена Денвер убедливо го совлада Феникс со 117:90, но синоќа Санс се реваншираа. На домашен терен славеа со кошаркарите на Феникс славеа со 110:100.
Бредли Бил и Кевин Дурент постигнаа по 27 поени во победничката екипа, а Тајус Џонс додаде 17 поени. Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс со 25 поени и 15 скока.
Шампионот Бостон Селтикс за првпат сезонава загуби два натпревари по ред. Синоќа подобри беа Филаделфија 76ерс со резултат 114:118. Тоа беше четврта победа за гостите во последните пет одиграни натпревари.
Тајрис Макси беше најдобар во победничките редови со 33 поени, а Џоел Ембиид додаде 27 поени и девет скока. Џејсон Тејтум го предводеше Бостон со 32 поени и 15 скока, Џејлен Браун додаде 23 поени и седум скока.
Њујорк го победи Сан Антонио со 117:114. До петтиот последователен триумф за Никс, ги предводеше Микел Бриџис со 41 поен. На спротивната страна Виктор Вембањама оствари дабл-дабл учинок со дури 42 поени и 18 скока.