Дури 14 натпревари ноќеска беа на програмата во НБА лигата. Големи изненадувања приредија екипите на Детроит и Орландо.

На гостувањето во Лос Анџелес кај Лејкерси, кошаркарите на Детроит славеа о 117-114. Бадијала остана тројниот ефект на Леброн Џејмс кој на 28-те поени додаде по 11 скока и асистенции. Кај Пистонси, Бејсли постигна 21, а Канингам еден поен помалку.

Во дербито на источната конференција, одиграно во Орландо, домашниот тим го победи шампионот Бостон со 108-104.

Тристан да Силва беше херојот на победата на Орландо. Германецот со бразилско потекло, на десет секунди пред крајот погоди клучна тројка, завршувајќи го натпреварот со 18 поени. Џејлен Браун на спротивната страна имаше 35 поени и 9 скокови.

На западот дербито го играа Денвер и Феникс, а го добија домаќините со 117-90. Никола Јокиќ беше предводник на Нагетси со 32 поени и 7 успешни додавања, а имаше поддршка од Портер кој додаде 24 поени. На Кевин Дурент му фалеше еден скок за дабл-дабл па натпреварот го заврши со 23 поени и девет скокови.

Резултати на останатите натпревари:

Шарлот – Хјустон 101:114
Кливленд – Јута 124:113
Филаделфија – Сан Антонио 111:106
Атланта – Минесота 117:104
Мајами – Бруклин 110:95
Њујорк – Торонто 139?125
Мемфис – Клиперс 110:114
Оклахома – Вашингтон 123:105
Далас – Портланд 132:108
Голден Стејт – Индијана 105:111