Синоќа се одиграа три натпревари во НБА лигата каде сите три победи ги остварија гостите.
Драматично беше на средбата помеѓу Њу Орлеанс Пеликанс и Денвер Нагетс, но на крајот гостите победија по продолжение. Заврши 129:132, а ова беше седми последователен пораз за Пеликанс. Нагетс победија на четири од последните пет натпревари.
Домаќините на 52 секунди пред крајот водеа со 119:117, но Џамал Мареј на осум секунди до истекот на времето ги изедначи и обезбеди продолжение.
Тимот на Денвер го предводеше Никола Јокиќ на крајот од четвртата четвртина, а потоа и во продолжението, кој го оствари својот деветти трипл-дабл сезонава. Јокиќ натпреварот го заврши со 27 поени, 13 скока и десет асистенции. Џамал Мареј додаде 27 поени и осум скока за Денвер.
Индијана Пејсерс стигна до четвртата последователна победа откако славеше на гостувањето кај Сакраменто Кингс со 95:122.
Првото полувреме беше изедначено, а гостите во вториот дел постигнаа 70 поени и примија само 43 коша. Паскал Сијакам ги предводеше Пејсерси со 19 поени и десет скока, Мајлс Тарнер додаде 15 поен.
Кошаркарите на Хјустон Рокетс за првпат по повеќе од пет години забележаа победа на гостувањето кај Торонто Репторс. Тие славеа со резултат 110:114 и го нанесоа седмиот пораз во низа
Првото име на победничкиот тим беше Дилон Брукс со 27 поени и шест скока, додека Џејлен Грин додаде 22 поени и седум скока. Кај Репторс најдобар беше Џекоби Волтер со 27 поени.