Водечката екипа во второлигашката машка кошаркарска конкуренција Вардар го претрпе третиот пораз. Во воведниот натпревар од 17-коло, одигран на гостувањето кај Шкупи, вардарци се совладани со 84-76.

Домашниот тим победата ја најави првата четвртина која ја доби со 12 разлика (24-12), за на полувремето да замине со предност од 8 поени (42-34).

Иако црвено-црните по третиот период што го добија со 21-18, намалија на -5 (60-55) во пресрет на последната четвртина, сепак во неа домаќините не му дозволија на Вардар да направи комплетен пресврт, да добивајќи ја со 24-21, на крајот славеа со конечни 84-76.

Вардар останува лидер на табелата со „скор“ 14-3 (победи-порази), но ќе им дозволи на конкурентите да се доближат, пред се штипски Соколи, кои заостануваат една победа, а утре играат на домашен терен со Водно Санс.

Шкупи кој сега има 7-10, барем до вторник ќе биде пред МЗТ Скопје У.Б. кој во оваа рунда игра со трето пласираниот тим на Ангели.

ВТОРА ЛИГА (мажи) – 17.КОЛО
САБОТА

ШКУПИ – ВАРДАР 84-76
НЕДЕЛА
МКК КУМАНОВО – БАСКЕТ КАМ 13.00 часот
РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 16.00
СОКОЛИ – ВОДНО САНС 19.30
ПОНЕДЛЕНИК
ЦРН ДРИМ – БОРЕЦ БАСКЕТ
ВТОРНИК 
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ 14.00