Се одигра финалето на Интерконтиненталниот фудбалски куп во кое Реал Мадрид освои уште еден трофеј на своите клупски витрини. „Кралскиот“ клуб во Доха славеше со резултат 3:0 во дуелот со мексикански клуб Пачука.

По првото полувреме шпанскиот тим имаше минимално водство. По акцијата на Џуд Белингем и Винисиус Јуниор, на Французинот, Килијан Мбапе му остана полесната работа за 1:0.

За да нема сомнеж за победникот, се погрижи Родриго во 53-тата минута. Во 83-тата минута Винисиус Јуниор од пенал го постигна конечниот резултат 3:0 за Реал

Со тоа колекцијата на трофеј од Интерконтиненталниот куп во „кралската“ ризница сега изнесува вкупно 15.