Фудбалската федерација на Македонија наскоро ќе добие нов претседател. Муамед Сејдини си поднесе неотповиклива оставка, па веќе на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе биде назначен за нов претседател. 

Но пред ФФМ, очигледно ќе има промени и во КФМ! Барем така „мириса“ пред годишното собрание на Кошаркарската федерација закажано за во среда (18 декември). 

Од федерацијата се пожалија на притисок кон делегатите на Собранието, па поитаа да излезат со соопштение. 

Во него меѓу другото се вели:

— Претседателот на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, свесен за задкулисните игри на најразлични заинтересирани страни.

– Клубовите кои се вознемирени од ситуацијата која се пласира и кои веќе нè контактираа за секојдневните притисоци со кои се соочуваат

– Редовната годишна седница на собранието, коешто Претседателот Перо Антиќ го закажа за 18. декември (среда), ќе помине во најдобар ред…

Целото соопштение може да го прочитате овде.

Суптилно е Перо Антиќ да говори за „притисоци“ врз клубовите особено по приказната за вториот мандат негов мандат.

Антиќ на Собранието во март 2023 година, бил избран од неми премногу блиски соработници, вработени во федерацијата, па дури и татко му. Зоран Антиќ (татко на Перо) бил претставник на КК Работнички, на споменатото собрание. 

Од приложеното легитимно се поставува прашањето.
На кого Антиќ мислел дека прави задкулисни игри!?
Дали КФМ е лична приватност на Антиќ!?