Со одигрувањето на трите денешни натпревари комплетирано е 10.коло во Втората машка кошаркарска лига.
Три тима со ист број на поени се на првите три позиции, а по нив следуваат две со бод помалку.
Ова откако денеска во Велес, кошаркарите на Борец славеа во дуелот со Охрид, а Ангели како гости го совладаа Бутел. Така Ангели, Соколи и Борец баскет сега имаат идентични 18 бодови. Зад нив следуваат Маџари и Црн Дрим со 17. Овие пет тима се издвојуват од останатите кои ќе се пораз да позициите што водат во разугруањето.
Но до него има уште многу да се игра, а до крајот на првиот дел од сезоната останува само уште едно коло.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО
Денеска
БОРЕЦ БАСКЕТ – ГКК ОХРИД 77-62
БУТЕЛ – АНГЕЛИ 66-80
РАБОТНИЧКИ 2018 – АКАДЕМИЈА ФМП 75-62
Вчера
ПАРТИЗАН ВОДНО САНС – СОКОЛИ 83-106
ЦРН ДРИМ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 97-94 (по продолжение)
МЕГА БАСКЕТ – МАЏАРИ 74-84
ТАБЕЛА: Ангели 18 бодови, Соколи 18, Борец баскет 18, Маџари 17, Црн Дрим 17, Охрид 15, Мега баскет 15, Бутел 14, МЗТ Скопје У.Б. 14, Работнички 2018 12, Партизан Водно Санс 11, Академија ФМП 10.