Лидерот во ракометната Супер лига, екипата на Алкалоид ја постигна 14-та победа. Ова откако во првиот натпревар од 15.коло, Алкалоид како гостин славеше над Прилеп со 40:30.

Домашниот тим (Прилеп) водство на натпреварот имаше само на почетокот на дуелот 2:0 и 3:2. Избраниците на Кирил Лазаров со серија од пет голови го презедоа водството и постојано беа во предност, која на полувреме беше 18:13.

На почетокот на вториот дел проблем за домашниот тим беше и третото исклучување на хрватскиот интернационалец Квастек, па дополнително одбраната на Прилеп беше ослабена.

Со овој триумф Алкалоид со 28 бодови е прв на табелата, пред Вардар со 26, кој пак утре гостува во Битола кај првакот Еурофарм Пелистер.

И останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре (сабота).