Во Виена денеска започнува разврската за медали ма Европското првенство за ракометарки. На програмата се полуфиналните натпревари.
Норвежанките кои се бранители на шампионскиот трофеј за противник ја имаат селекцијата на Унгарија во првиот полуфинален дуел.
Овој натпревар ќе почне во терминот од 17.45 часот.
Во вториот што ќе почне од 20.30 часот, светските шампионки Французинките ќе играат против репрезентацијата на Данска, која освои бронза на последниот Мундијалот, а беше сребрена на последното ЕП.
Дуелите за медал ќе се играат во недела.