Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на натпреварите од 17-тото коло во Прва лига.

Натпреварите кои според календарот требаше да се играат утре (1 декември – недела) со почеток во 13:00 часот, се презакажани за во вторник.

Ваквата одлука следува по неодамнешните инциденти и палењето на македонското знаме.

Во информацијата на ФФМ се вели.

„Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари.“

Натпреварите од 17 коло се презакажани за во вторник (3 декември) со почеток во 13:00 часот.