Масар Омерагиќ и официјално е кандидат за претседател во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Ова откако синоќа Општинскиот фудбалски сојуз на Свети Николе, едногласно го донесе одлука Омерагиќ да биде кандидат за прв човек на мак-фудбалот.

Тој е првиот, веројатно и единствен кандидат, за оваа функција, на изборното собрание на ФФМ закажано за 22 декември.

Омерагиќ во изминатиот период доби голема поддршка за кандидатурата од голем број на фудбалски легенди. Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов, Илија Најдоски и други официјално го поддржаа поранешниот фудбалер на Вардар и Слога Југомагнат.

Омерагиќ веќе има искуство во работењето со фудбалската „власт“. Тој беше дел од федерацијата во периодот кога претседател беше Харалампие Хаџиристески.