Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни натпреварите од 16-тото коло. Екипите од водечкото трио, односно и оние што се борат за највисок пласман, славеа во дуелите со тимовите од долниот дел на табелата.

Нов лидер на табелата се кратовски Силекс. Тоа благодарение на убедливата победа во дуелот со Воска со 4-1 иако Силекс од повеќе од еден час играше со десетмина.

Сега кратовци се пред тетовска Шкендија која славеше со 2-0 во дуелот со Шкупи. Со ист разлутат на „Тодор Проевски“ во Скопје победи и Гостивар против Вардар па и гостиварци имаат 33 бодови.

2-0 беше и во Кавадарци каде Работнички го совлада Тиквеш, па „романтичарите“ останаа на два пода помалку (31) од водечкото трио.

Минимални победи од 1-0 остварија Струга ТЛ во дуелот со Пелистер и АК Брера на гостувањето кај Беса.

ПРВА ЛИГА 16.КОЛО
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 2-0
ВАРДАР – ГОСТИВАР 0-2
СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ 4-1
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-2
СТРУГА Т.Л. – ПЕЛИСТЕР 1-0
БЕСА – АП БРЕРА 0-1

Сите голови од денешните натпревари може да ги гледате овде.