Девет натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата, а најефикасниот беше оној во Денвер. На разочарување на домашните навивачи „Нагетс“ беа поразени убедливо од Њујорк со 118:145.
Во текот на целиот натпревар „Никси“ беа оние кои доминираа, а во еден момент водеа и со 30 поени разлика. Рекордни во кариерата 40 поени постигна Оу Џу Ануоби. Со двоен ефект завршија Карл Ентони Тунс со 30 поени и 15 скокови и Џејлен Брансон со 23 поени и 17 асистенции.
Во домашниот тим прв стрелец беше Вестбрук со 27 поени, а Никола Јокиќ заврши со 22 поени и по 7 скокови и асистенции.
Тимот на Далас впиша нова победа без Лука Дончиќ.
Маверикс победи со 119:129 на гостувањето кај Атланта. Тоа е нивна петта победа во последните шест натпревари.
Кајри Ирвинг ги предводеше со 32 поени, седум скока и шест асистенции, додека Џејден Харди додаде 23 поени.
Водечкиот тим на западот, Оклахома забележа нова победа. „Тандер“ на гостивањето кај Сакраменто триумфираше со резултат 109:130.
До 13-тата победа ги предводеше Шаи Џилгеус-Александер со 37 поени и 11 асистенции, а Џејлен Вилијамс додаде 28 поени и пет асистенции. Кај „Кралевите“ прево име беше Демар Дерозан со 30 поени и шест асистенции.
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Шарлот – Орландо 84-95
Детроит – Торонто 102-100
Индијана – Њу Орлеанс 114-110
Бостон – ЛА Клиперс 126-94
Мемфис – Портланд 123-98
Голден Стејт – Бруклин 120-128