По репрезентативната пауза и настапот на Македонија во Лигата на нациите, денеска продолжуваат натпреварите во Првата македонска фудбалска лига.
На програмата е 15.коло во кое дербито ќе се игра во Струмица, а во Битола ќе се игра под рефлектори.
Шампионот Струга Трим Лум ќе гостува кај АП Брера, додека во Битола, Пелистер ќе ја пречека водечката Шкендија.
Интересно се очекува да биде и на Чаир кад гостува Силекс кој со Гостивар се на делба на втората и третата позиција. Гостиварци пак бодови ќе бркаат против Тиквеш кој долго време не знае за победа.
За важни првенствени бодови, во бегство од дното на табелата, во Охрид ќе играат Воска и Вардар, екипи кои се во зоната за испаѓање.
Освен дуелот во Битола што ќе почне од 17, останатите натпревари ќе стартуваат од 13 часот.
ПМФЛ 15.КОЛО (Недела)
АП БРЕРА – СТРУГА Т.Л. (од 13 часот)
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
РАБОТНИЧКИ – БЕСА
ШКУПИ – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (од 17 часот)