Актуелниот шампион во НБА лигата, екипата на Бостон се изнамачи во дуелот со најслабата екипа во лигата Торонто.
„Селтикс“ со 11-тиот триумф стигнаа по дополнителни 5.,минути игра, а Џејсон Тејтјум погоди тројка со звук на сирената. Бостон славеше со 126-123., откако регуларниот дел заврши 114-114.
На Тејтјум му фалеше една асистенција да оствари троен-ефект, а натпреварот го заврши со 24 поени, 11 скокови и 9 асистенции. Џејлен Браун постигна 27 поени за победничката екипа, а во поразената најефикасен беше Џејкоб Порелт со 35 поени (12 скокови).
До петта победа во низа, а вкупно деветта сезонава стигна ЛА Лејкерс, совладувајќи го Њу Орлеанс на гости со 104-99. Ентони Дејвис одигра уште една брилијантна партија која ја заврши со 31 поен и 14 скокови. Леброн Џејм ја прекина низата од четири натпревари со трипл-дабл, завршувајќи со 21 поен, 7 скока и 5 асистенции.
На останатите два натпревари.
Иако Лука Дoнчиќ беше под својот просек (само 16 поени), Далас го победи 110-93.
Затоа пак Деaрон Фокс од Сакраменто имаше уште еден неверојатен натпревар. Откако поред ден порано постигна 60 поени против Минесота, ноќеска тој уфрли 49 во дуелот со Јута кој „Кингси“ го добија со 121-117.