Ракометарите на Вардар стигнаа до очекувана победа во дуелот со Струга одигран на гостински терен. Во натпревар од 11.коло на Супер лигата, вардарци славеа со 25-34 против Струга.

Иако домашниот состав првиот дел го заврши си гол негатива (15-16), а на почетокот на вториот имаа и водство (17-16) сепак, црвено-црните не дозволија изненадување.

Новиот тренер на вардарци, Аргентинецот, Милано испроба повеќе варијанти и играчи, за да ја добие вистинската слика за можноста на тимот. Разликата во квалитет беше видлива, па Вардар ја впиша 10-тата победа.

Хансер Родригез со 6 голови беше прв стрелец во победничката екипа на Вардар за која 5 постигна Томислав Јагуриновски, а еден помалку (4) Владимир Димитро. Прв стрелец на натпреварот беше ракометарот на Струга, Ненад Костоски со 9 постигнати голови.

Сега Вардар се израмни со не поразениот Алкалоид. Сепак тимот од Автокоманда попладнево ќе го игра својот натпревар од ова кола, а му гостува на Охрид. Дербито може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 11.коло

Сабота
СТРУГА – ВАРДАР 25-34
15.00 КУМАНОВО – РАДОВИШ во тек
18.00 БИСИНОВ Ф.Л. – ТИКВЕШ
18.30 ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ
18.30 ОХРИД – АЛКАЛОИД
Петок
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП 46-24