Шампионот Еурофарм Пелистер очекувано славеше победа во дуелот против Прилеп со кој беше отворено 11.коло во Супер лигата. До својот деветти триумф пелистерци стигнаа со конечни 46:24.

Домаќините уште од самиот старт кога поведоа со 4:0, најавија дека овој меч ќе биде во „еден правец“. Можеби мотивирани од присуството на новиот тренер Раул Алонсо, кој натпреварот го следеше од трибините, пелистерци доминираа во секој сегмент од играта.

Филип Кузмановски со шест голови беше прв стрелец во победничката екипа за која по пет постигнаа Тајник и Оусама. По шест голови за Прилеп реализираа Божидар Илиески и Никола Цветаноски.

Со новите бодови и вкупно 18 колку што има и Вардар, Е.Пелистер моментно е на 2.место на табелата. Вардарци својот меч ќе го играат утре на гости кај Струга, а утре и ќе игра и лидерот Алкалоид (20 бодови).

Тимот од Автокоманда во дербито на колото гостува кај четврто пласираниот Охрид (16 бодови).

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 11.коло

Сабота
13.30 СТРУГА – ВАРДАР
15.00 КУМАНОВО – РАДОВИШ
18.00 БИСИНОВ Ф.Л. – ТИКВЕШ
18,30 ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ
18.30 ОХРИД – АЛКАЛОИД
Петок
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП 46-24