На јужноамериканскиот континент продолжуваат натпреварите во квалификациите за Светското фудбалско првенство.

Ноќеска беа одиграни од првите три натпревари од 11-тото коло.

Изненадување приреди селекцијата на Парагвај која го совлада светскиот шампион и лидер на табелата Аргентина со 2-1. „Гаучосите“ долго време не знаеја за пораз, а потоа за краток период забележа два. Откако во септември го загубија мечот од Колумбија со 2:1, сега се поразени и на гостувањето кај Парагвај.

А, се одлично почна за Аргентина која поведе во 11.минута со голот на Лаутаро Мартинез. Радоста не траеше долго бидејќи осум минути подоцна со прекрасниот гол на Антонио Санабрија стигна израмнувањето. Големата радост и победат на домаќините им ја донесе Антонио Санабрија по само една минута игра во второто полувреме. Во продолжението јалови беа сите обиди на Аргентинците да стигнат до израмнување, па мораа да се помират со третиот пораз,

Селекцијата на Бразил која резултатски е далеку од очекуваното. Тоа се потврди и на дуелот со Венецуела на гости кој заврши без победник 1-1.

Еквадор стигна до ниви бодови со висока домашна победа против Боливија со 4:0.

Дербито на колото меѓу Уругвај и Колумбија ќе се игра ноќеска во 1 часот по полноќ, а рудата ќе биде комплетирана со дуелот Перу – Чиле.

Аргентина со 22 бодови е лидер на табелата пред Колумбија со 19, Бразил сега е на 17, а по 16 имаат Уругвај, Еквадор и Парагвај.