Во НБА лигата ноќеска се одиграа пет натпревари. Тимот на Кливленд е осмиот во историјата кој отворил сезона со скор од 12-0.
„Кавс“ славеа на гостување кај Чикаго со 119:113 и по 11-ти пат постигнаа повеќе од 110 поени.
Донован Мичел постигна 36 поени со осум скока, Дариус Гарланд додаде 17 поени, а Еван Мобли имаше 15 поени со 11 скока. Кај поразените Зек ЛаВин постигна 26 поени со шест скока, а Никола Вучевиќ и Коби Вајт по 20 поени.
Со одличните настапи продолжува и екипата на Оклахома која го совлада тимот на ЛА Клиперс со 134-128 пред своите симпатизери.
Шаи Џилеус-Александер со неговиот рекорд во кариерата ги предводеше „Тандерс“ до деветтиот тримуф. Тој натпреварот го заврши со 45 поени на кои додаде 9систенции.
Во останатите натпревари. Хјустон славеше над Вашингтон со 107:92, Сан Антонио го совлада Сакраментосо 116:96, а победа на гости забележа Бруклин против Њу Орлеанс со 107:105.