Останаа уште две празни места за завршниот „фајнал-фор“ турнир во Купот на Македонија за ракометарки.

Екипите на Чаир и Металург Автокоманда веќе обезбедија пласман во полуфиналето со победите над Куманово и Спартак.

Денеска ќе го дознаеме и третиот учесник на турнирот закажан за мај месец. Тоа откако ракометарките на Вардар и Пелистер ќе го одиграат својот натпревар од квалификациската Г група. Дуелот е закажан со почеток од 17 часот, а ќе се игра во салата на ОУ „Круме Кепески“ во Скопје.

Последниот полуфиналист најверојатно ќе биде бранителот на трофејот и актуелен шампион Ѓорче Петров тим кој е апсолутен фаворит во дуелот со Гевгелија. Тој натпревар ќе се игра утре (18 часот).

КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА

A ГРУПА финале
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – СПАРТАК 36-18
Б ГРУПА финале
ЧАИР СКОПЈЕ – КУМАНОВО 28-27
Г ГРУПА финале
Вторник 17.00 ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР
В ГРУПА финале
Среда 18.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ГЕВГЕЛИЈА