Богатата вечер во НБА лигата донесе повеќе интересни натпревари кои беа решавани во самата завршница, а два од нив и во продолжение.

„Балканското дерби“ го доби Никола Јокиќ кој со Денвер го совлада Лука Дончиќ и неговиот Далас. До петата последователна победа „Негатс“ стигнаа со триумфот од 122-120.

Јокиќ беше прво име во победничката екипа. Србинотд го оствари својот шести трипл-дабл сезонава, а четврти последователен. Јокиќ натпреварот го заврши со 37 поени, 18 скокови и 15 асистенции.

И Лука Дончиќ беше на прагот на троен ефект. Словенецот заврши со  24 поени и по 9 скокови и асистенции. Но неговиот како и одличниот учинок на Кајри Ирвинг кој постигна 43 поени не беа доволни Далас да избегне пораз.

Продолженија се играа на два натпревари во Феникс и Филаделфија.

Тимот на Сакраменто ја прекина низата од седум победи на Феникс славејќи на гостински терен со 127-118 (111-111). Демар ДеРозан со 34 поени беше прв стрелец на натпреварот и во победничката екипа.

Победа по дополнителни 5.минути забележа и Филаделфија против Шарлот со 107-105 (97-97). Со тоа популарните „76-ки“ ја прекинаа низата од пет порази.

На останатите натпревари беа постигнати следиве резултати:
Детроит – Хјустон 99-101
Милвоки – Бостон 107-113
Индијана – Њујорк 132-121
Орландо – Вашингтон 121-94
Оклахома – Голден Стејт 116-127
Портланд – Мемфис 89-134
ЛА Лејкерс – Торонто 123-103