Во Првата македонска фудбалска лига, денеска ќе се играат сите натпревари од единаесеттото коло.

Дербито на оваа рунда е во Тетово каде второ пласираната на табелата Шкендија ќе го пречека шампионот Струга Трим Лум. Тетовци два натпревари во низа се без триумф откако ремизираа со Силекс и Тиквеш на гости. Стружани пак ќе треба да се „рехабилитираат“ од убедливиот пораз во претходното коло кога на домашен терен загубија од Силекс со 1-4.

Интересно се очекува да биде во градското скопско дерби. На арената „Тодор Проевски“ ќе играат Вардар и Работнички. Во минатото домашниот состав на Вардар ја имаше фаворитската улога, но сега е аутсајдер. Црвено-црните кои се претпоследни на табелата, ги загубија последните четири натпревари. Од друга страна пак Работнички е лидер и е единствениот тим кој досега нема пораз.

Трето и четврто пласираните екипи на Силекс и Гостивар ќе ја имаат предноста на домашниот терен во дуелите со Беса и АП Брера. Екипите на Тиквеш и Воска спорт кој се во долниот дел од табелата ги чекаат тешки натпревар со Шкупи и битолски Пелистер.

Сите натпревари ќе полнат од 13 часот, а може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА – 11.КОЛО (13 часот)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – АП БРЕРА СТРУМИЦА
СИЛЕКС – БЕСА
ШКУПИ – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – ПЕЛИСТЕР

ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО