Ракометарите на Охрид ја пишаа седмата победа во Супер лигата, но до неа стигна потешко од очекуваното.

Во дуелот со Пролет, пред своите симпатизери, Охрид славеше победа со 32-29.

Гостите од Скопје беа конкурентни речиси во текот на целиот натпревар. Во неколку наврати тимот на Јовиќ имаше и резултатска предност. Сепак не успеа до крај Пролет да направи изненадување, бидејќи домаќините одиграа фантастично во завршницата.

Водеше пролет во второто полувреме со гол-два предност, но серијата од 3-0, ја врати позитивата во полза на охриѓани. Знаеја како избраниците на Алушовски да го сочуваат водството и на крајот да слава со три разлика (32-29).

Гоце Ојлески со седум гола беше прв стрелец во победничката екипа за која Никола Јукиќ и Живан Пешиќ постигнаа по пет. На спротивната страна седум гола постигна Давор Палевски, а еден помалку (6) Ласко Андоновски.

Охрид е на 2,место на табелата со „скор“ 7 победи и 1 пораз како и трето рангираниот Вардар. Лидерот Алкалоид има максимални осум победи.

Ракометарите на Охрид во сабота ги чека реванш дуелот со романската Турда во ЕЈХ Европскиот Купот, дуел во кој ќе влезат со четири гола предност.