Во фудбалскиот Куп на Македонија, денеска на програмата се натпреварите од осминафиналето. Само еден натпревар ќе се игра во оваа фаза, а победникот по регуларниот дел или изведувањето на пенали ќе се пласира во следната.
Дуелот што ќе привлече најголемо внимание ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје.
Во него Вардар за противник ќе го има бранителот на трофејот Тиквеш. Двата тима кои се во резултатска криза имаат „нерасчистени сметки“.
Нивниот последен меѓусебен дуел во Кавадарци не го дочека крајот, а вардраци го добија со службени 3-0. Реакции по тој натпревар имаше многу од двете страни, па секако и двата тима сега ќе имаат причина повеќе за докажување.
Од останатите натпревари ја издвојуваме прволигашката пресметка меѓу Силекс и Шкупи, како и дуелот меѓи шампионот Струга ТЛ и екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Сите натпревари ќе полнат во терминот од 14 часот, а може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/8 финале
23 октомври (среда) 14 часот
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА
ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ Плачковица
ШКЕНДИЈА Тетово – ШКЕНДИЈА Арачиново
СТРУГА Т.Л. – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
СИЛЕКС – ШКУПИ
АРЕСИМИ – ВОСКА СПОРТ
АП БРЕРА – БЕСА