Во јужноамериканските квалификации за СП 2026-та се одиграа натпреварите од 10-тоѕто коло. Ноќта мина во знакот на убедливите победи на домашните селекции и брилијантната вечер на Лионел Меси.
Водечката Аргентина ја демолира Боливија со 6-0, меч во кој Меси оствари хет-трик, а имаше и две асистенции.
Конечно и Бразил врза две победи. „Кариоките“ пред своите симпатизери го совладаа Перу со 4:0. Рафиња постигна два гола од пенал (38 и 54.минута), а во листата на стрелци се запишаа и Андреас Переира (71) и Луис Енрике (74 минута).
Убедлива беше и Колумбија која со ист резултат (4-0) го совлада Чиле. Стрелци беа Дејвисон Санчез во (34.минута), Луис Дијаз (52), Џон Дуран (82) и Синистера (90+3).
Четвртиот триумф за домашните селекции го донесе Парагвај кој со 2-1 беше подобар од Венецуела, а само Уругвај не успеа да победи пред своите симпатизери играчки 0-0 со Еквадор.
На табелата води светскиот шампион Аргентина со 22 бода, втора е Колумбија со 19, третото место го делат Уругвај и Бразил со по 16 бодови, а петти и шести се Еквадор и Парагвај со по 13. Следуваат: Боливија со 12 бодови, Венецуела 11, Перу 6 и Чиле со 5 бодови.
Пласман на Мундијалот ќе обезбедат шесте најдобри, додека седмопласираната ќе игра бараж.