Лионел Меси како да ја доживува својата втора младост.

На истиот ден кога дебитираше во сениорска конкуренција во дресот на Барселона, Меси за Аргентина постигна хет-трик.

Тој постигна три гола, а имаше и две асистенции во победата на „Гаучосите“ над Боливија со 6-0, а во квалификациите за СП.

Меси го постигна својот 10-ти хет-трик во репрезентативниот дрес. Во исто време го престигна Иранецот Али Даеи во листата на најдобри стрелци во репрезентативниот дрес.

Со овие три гола Меси стигна до бројката од 122 гола во кариерата, но е зад Кристијано Роналдо кој има постигнато 133.