Во натпревар од воведното коло на новата сезона во Втората кошаркарска лига, екипата на Борец стартуваше со пораз.

Иако беа најавувани како едни од кандидатите за највисок пласман велешани не ја оправдаа улогата. Тие пред своите симпатизер се поразнени од Ангели со 86-90

Борец ја доби првата четвртина (23-21), но во втората постигна само девет поени. Затоа тимот од Драчево замина со предност на одмор со осум разлика (30-37). Во третиот период избраниците на Игор Гацов ја зголемија разликата (51-66). Тоа се покажа како решавачки иако во последната четвртина домаќините дојдоа на два разлика. Сепак на крајот немаа сили за комплетен пресврт па Борец го загуби натпреварот со 86-90.

Вечерва на програмата е дуелот во Прилеп меѓу Мега баскет и Академија ФМП, а утре е „вечното дерби“ меѓу вторите екипи на Работнички и МЗТ Скопје.

ВТОРА ЛИГА – 1.КОЛО
НЕДЕЛА – 13.10.2024

БОРЕЦ БАСКЕТ – АНГЕЛИ 86-90
19:00 МЕГА БАСКЕТ – АКАДЕМИЈА ФМП
ПОНЕДЕЛНИК – 14.10.2024
18:15 РАБОТНИЧКИ 2 – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
САБОТА – 12.10.2024
ОХРИД – МАЏАРИ 74-81
ЦРН ДРИМ – ВОДНО САНС 107-99
БУТЕЛ – СОКОЛИ 72-80