Кошаркарите на Маџари ја стартуваа новата сезона во Втората лига со победа. Во премиерниот натпревар одигран во „Биљанини извори„ Маџари го совлада домашниот Охрид со 81-74.
Во првиот период за нијанса подобар беше тимот на Маџари која ја доби четвртината со 25-21. Во втората, домаќините направија серија од 10-0 и го свртеа резултатот во своја полза. Го добија охриѓани периодот со 24-15, па на одмор заминаа со пет поени предност 45-40.
Гостите од Скопје му дозволуваа на домашниот тим многу „втори, па и трети“ шанси, играјќи лошо под својот обрач. Тоа кошаркарите на Охрид знаеја како да го казнат па во последниот период влегоа со уште два поени повеќе 65-59.
Сепак во последниот период искуството на тимот предводен од Миодраг Тодоровиќ се покажа како пресудно. Маџари со поагресивната игра во одбраната ја „стопи“ негативата. На охриѓани им дозволија да постигнат само 9 поени, додека скопјани реализираа 22, па на крајот Маџари славеше со 81-74.
Ова беше водениот натпревар од 1.коло во кое денеска се играат уште два натпревар, како и утре, додека последниот на програмата е во понедленик.
ВТОРА ЛИГА – 1.КОЛО
САБОТА – 12.10.2024
ОХРИД – МАЏАРИ 74-81
ЦРН ДРИМ – ВОДНО САНС
19:00 БУТЕЛ – СОКОЛИ
НЕДЕЛА – 13.10.2024
14:30 БОРЕЦ БАСКЕТ – АНГЕЛИ
19:00 МЕГА БАСКЕТ – АКАДЕМИЈА ФМП
ПОНЕДЕЛНИК – 14.10.2024
18:15 РАБОТНИЧКИ 2 – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.