Ракометарите на Алкалоид го продолжуваа максималниот ефект во Суперлигашката конкуренција.

Во воведниот натпревар од 7.коло Алкалоид како гостин го победи Бисинов Фруит Ленд со 40-22 и ја оствари седмата победа.

На мечот во Велес гостите од Автокоманда брзо се одлепија и направија предност, која на полувремето беше двојно поголема (18-9).

Прв стрелец кај Алкалоид беше Марко Митев со 7 голови, а Мартин Серафимов и Александар Петковски постигнаа по пет. Голманот Иван Галевски имаше 14 одбрани. Во редовите на велешани седум гола постигна Ивица Илиев.

Следната обврска во домашното првенство избраниците на Лазаов ќе ја имаат дури на 26 октомври. Во меѓувреме Алкалоид ќе го одигра двата натпреварот во ЕХФ Европскиот куп во кој за противник ја има екипата на Драгунас од Литванија.

Токму тие дуели се и причината за одложувањето на дербито со Еурофарм Пелистер што требаше да се игра следниот викенд.

Инаку останатите натпревари од ова 7.коло ќе се играат утре и задутре.

СУПЕР МАШКА ЛИГА –7 КОЛО

11.10.2024 – ПЕТОК
19:00  БИСИНОВ БОРЕЦ – АЛКАЛОИД  22-40
12.10.2024 – САБОТА
18:00  ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:30  ПРИЛЕП –  ВАРДАР  
18:30  ПРОЛЕТ  – КУМАНОВО
13.10.2024 – НЕДЕЛА
13:30  СТРУГА – РАДОВИШ
18:00  ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР –  ОХРИД