Во премиерниот меч од 33-тото издание на Првата кошаркарска лига, екипата на ТФТ се радуваше на победа совладувајќи го МКК Куманово со 81-70.

На натпреварот во СРЦ „Кале“, каде денеска ќе има тројна програма, интересен дуел одиграа овие две екипи.

Иако во најголемиот дел од првото полувреме гостите од Куманово имаа резултатска предност, домаќините не дозволија да премине во двоцифрена.

Очигледно е дека и на двете екипи ќе им биде потребно повеќе време да „се пронајдат“, онака, играчки. Јасно и поради што затоа што и на двете од игралиштето има голем број на нови играчи.

Победникот беше решен во воведните минути од последната четвртина. Со серија од (17-7), ТФТ стигна до двоцифрена предност (76:66), која знаеше како да ја сочува до крајот.

Говенс реализираше 23 поени за победничката екипа, Мекиќ додаде 17, а Гринли 14. Кај кумановци бадијала остана одличното издание на странците Тадиќ кој постигна 25 и Волер кој реализира 14. поени.

Денеска на програмата се уште два натпревари, и двата во СЦ „Кале“, а утре ќе с еиграат останатите три од премиерното коло.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 1.коло
Сабота

ТФТ – МКК КУМАНОВО 81-70
16.00 ШКУПИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19.00 РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС
Недела
15.00 ВАРДАР – ГОСТИВАР
18.00 ТИКВЕШ– ПЕЛИСТЕР
19.00 ЧАИР – КОЖУВ