Американецот, Дарин Говенс е нов играч и ко-сопственик во македонскиот кошаркарски тим ТФТ.
Тој ќе остане во ТФТ во следните три сезони и треба да биде големо засилување за новиот амбициозен проект.
Американецот нема да биде само засилување на теренот, туку и во администрацијата, односно раководството на клубот од Тафталиџе. Имено со Говенс во ТФТ влегува инвестициска група предводена од него која стана сопственик на 25% од акциите на клубот.
Говенс ќе биде член на Управниот одбор на ТФТ чиј претседател е неговиот соиграч и капитен на екипата Едис Нури.