Ракометарите на Охрид заедно со Алколоид се двата тика кои имаат максимален учинок по четирите одиграни коло во Супер лигата.
Откако вчера го „демолираа“ Тиквеш и покажаа моќна игра, од денеска и официјално, охриѓани се уште посилни.
ГРК Охрид е посилен за уште еден искосен интернационалец кој треба да помогне како на домашната така и на европската сцена. Станува збор за искусниот хрватскаи репрезентативец Ловро Јотиќ.
29-годишниот Јотиќ ќе го засили тимот на централната бековска позиција, како со неспорниот квалитет, така и со акумулираното искуство.
Јотиќ потпиша со Охрид најмалку до 2026 година.
Тој доаѓа од екипата на Нексе Нашице од Хрватска, а пред тоа го носеше дресот на бундеслигашот Лајпциг
Хрватот кој зад себе богата кариера, настапувачи и за данскиот шампион Алборг и хрватскиот шампион Загреб е добро познат и за македоснакта јавност.
Тој ги носеше и дресовите на ривалите на охридските „Гладијатори“, екипите на Вардар и Еурофарм.
Хрватот