Ракометарите на Вардар го добија првото овосезонско дерби против Еурофарм Пелистер во Супер лигата.

На натпреварот одигран во „Јане Сандански“ вардаци во секој сегмент од играта го надиграа шампионот Е.Пелистер и заслужено славеа со 27-24.

Црвено-црните играа одлично во одбраната па гостите тешко стигнуваа во ситуација да постигнат гол. Таквата игра на вардарци во 25-тата минута им донесе и најголеми пет голови предност (13-8). На одмор домаќините заминаа со четири разлика 15-11.

Во вториот дел, шампионот заигра далеку подобро, успеа Пелистер да дојде и до само еден гол негатива (20-19 и 22-20). Сепак немаа сили зелено-белите на направат комплетен пресврт, па вардарци заслужено славеа со конечни 27-24.

Марко Срдановиќ со 8 голови беше прв стрелец во победничката екипа на Вардар за која Гоце Ѓеорѓиевски реализира пет. Кај поразениот Е.Пелистер осум гола постигна Филип Кузмановски.

За шампонот Еурофарм Пелистер ова беше прв пораз, а Вардар ја забележа третата победа. Непоразени досега се Алкалоид и Охрид кој вечерва го игра дуелот со Тиквеш.