Финансиската состојба во макс-спортот не е „розова“. Доцнењето на средствата од т.н. „ваучер“ си го прави своето, но добро е што наскоро се најавува реализација на парите од државната помош.

Ова меѓу останатото го потенцираа од раководството на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на денешната прес-конфереенција.

Долгот на клубовите по разни основи е над 250.000 евра информираа од федерацијата. Но, екипите од Првата машка лига, годинава ќе бидат ослободени од котизацијата. Тоа се должи на неодамна обезбедениот спонзор на лигата.

Што се однесува до останатите сениорски и младински лиги, допрва ќе се бара решение и тие да не плаќаат котизација.

На новинарското прашање, дели федерацијата размислува за враќање на Првата лига пред Ковид пандемијата и намалување на бројот на клубовите, од раководството децидно одговорија потврдно.

„Веќе од следната сезона сакаме да го намалиме, вратиме бројот на клубови во Првата лига на 10. Тоа е процес, но треба да го направиме“, истакна генералниот секретар Георгиевски.

Претседателот перо Антиќ е на релација дека лигата треба да брои максимум 8 екипи како би се зголемила концентрацијата на квалитет.