Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение во однос на натпреварот меѓу Тиквеш и Вардар, кој имаше несакан крај.
Од ФФМ информираат, дека Вардар натпреварот ќе го добие со службени 3-0, а теренот во Кавадарци е суспендиран.
Натпреварот беше прекинат длабоко во судиското дополнение, откако домаќините постигнаа гол кој беше поништен поради офсајд. Незадоволната публика со предмет го погоди вториот помошен судија, Гоце Петревски, по што главниот Ставрев го прекина натпреварот.
СООПШТЕНИЕТО НА ФФМ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот ( Градски стадион Кавадарци) СЕ СУСПЕНДИРА според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат.
Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година.
Комисијата за натпревари на ФФМ според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар 0:3 го регистрираше овој натпревар .