Второлигашката кошаркарска конкуренција и во претстојната сезона 2024/2025 ќе брои 12 екипи.

На состанокот на претставниците на клубовите-учесници, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот.

Ждрепката посака, на почетокот да се сретнат „вторите екипи“ на вечните ривали, Работнички 2018 – МЗТ Скопје УБ.

Интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу ланскиот прволигаш Охрид и екипата на Маџари, две екипи кои во претстојната сезона се со големи, прволигашки, амбиции.

Новајлијата во оваа конкуренција тимот на Бутел сезоната ќе а почне пред домашната публика во дуелот со штипските Соколи.

По одигрувањето на 22-те првенствени кола, осумте првопласирани ќе играат во плејофот. Целта е влез во финалето кое на двете екипи учеснички следната сезона ќе им донесе прволигашки статус.

Сезоната треба да почне една седмица по прволигашите кои сторуваат на 5 и 6 октомври.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 1.коло

ОХРИД – МАЏАРИ
МЕГА БАСКЕТ – АКАДЕМИЈА ФМП
РАБОТНИЧКИ 2018 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА
БОРЕЦ БАСКЕТ – АНГЕЛИ
ЦРН ДРИМ – ВОДНО САНС
БУТЕЛ – СОКОЛИ 1933