Многу возбудливо беше ноќеска во јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2026-та година. На програмата беа дуелите од осмото коло.
Во репризата од финалето на Копа Америка, селекцијата на Колумбија и се реваншираше на Аргентина. Во дербито Колумбија го пречека светскиот шампион Аргентина и го совлада со 2-1.
Јерсон Москера во 25-тата минута им донесе водство на домаќините. По само три минути игра во вториот дел, Гонзалез израмни на 1-1. Се играше 68.минута кога Данијел Муњоз беше соборен од гостинскиот капитен Николас Отаменди во казнениот простор. Досудениот пенал го реализира Хамес Родригез за победа на Колумбија од 2-1.
Репрезентацијата на Бразил го претрпе четвртиот пораз на последните пет одиграни натпревари.
Кариоките загубија на гостувањето кај Боливија со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше фудбалерот на Интер Мајами, Диегпо Гомез во 20-тата минута.
Трето пласираниот на табелата Уругвај одигра без голови на гостувањето кај Венецуела, а Еквадор минимално со 1-0 го совлада Перу. За прв пат по 30 години Боливија славеше над Чиле на гостински терен и тоа со резултат 2-1.