На јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2026-та комплетирано е седмото коло.
Од фаворитите само Бразил стигна до трите бода, додека Уругвај и Колумбија освоија по еден.
По четирите натпревари без победа (три порази) Кариоките со голот на Родриго во 30.минута го совлада Еквадор со 1-0.
Колумбија се спаси од пораз на гостувањето кај Перу кој поведе со голот на Каљенс (68.минута). За бод на Колумбијците се погрижи фудбалерот на Ливерпул, Лус Дијас во 82-та минута за конечни 1-1.
Уругвај не ја искористи предноста на домашниот терен и одигра без голови против Парагвај.
По седум одиграни кола, Аргентина е водечка репрезентација на табелата со 18 бодови. По неа следуваат: Уругвај 14, Колумбија 13, Бразил 10 …
Веќе во следното коло закажано за во вторник (10 септември) ќе се игра дербито Колумбија – Аргентина.