Новата сезона во ракометното првенство на Македонија ќе стартува со дерби. Денешната ждрепка одржана во РФМ „посака“ во 1.коло да се сретнат трето и второ пласираните екипи од лани Алкалоид и Вардар.

Шампионот Еурофарм Пелистер одбраната на титулата ќе ја почне со гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш.

Во новата сезона нема да има две групи како лани, туку сите екипи 12 екипи ќе играат во една (дома-гости). Во вториот дел првопласираните шест ќе разигруваат за титулата, а оние од 7 до 12 место за постанок.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 1.КОЛО
АЛКАЛОИД – ВАРДАР
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
РАДОВИШ – ОХРИД
БУТЕЛ СКОПЈЕ – КУМАНОВО
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ
СТРУГА – БИСИНОВ