деветти натпреварувачки ден на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Големи возбудувања донесоа вчерашните натпревари во атлетиката, па така се очекува да биде и денеска.

Она што секако ќе привлече можеби најголемо внимание ќе биде машкпто тениско финале. На централниот терен на „Роламд Рагос“, за златото ќе се борат најтрофејниот во историјата Новак Ѓоковиќ и супер талентираниот Карлос Алкараз. Двајцата тенисери одиграа незаборавно финале на Вимблдон поред месец дена, во кое се радуваше Шпанецот. Кој ќе се радува на своето прво олимписко злато ќе видиме пво мечот што ќе почне од 14 часот.

РАКОМЕТ

Последната рунда во групната фаза на машкиот ракометен турнир , носи два директни дуели за пласман во четврт финалето. Во групата Б, домаќинот Франција не смее да загуби од Унгарија, ако сака меѓу осумте најдобри. Во иста ситуација во А групата се Шпанија и Хрватска кои како и Шведска имаат по 4 бода. Сепак „Викинзите“ играат со аутсајдерот Јапонија која нема шанси за прогрес понатаму.

09:00 Шведска – Јапонија
11:00 Египет – Аргентина
14:00 Германија – Словенија
16:00 Унгарија – Франција
19:00 Данска – Норвешка
21:00 Шпанија – Хрватска
*пласман во четвртфиналето досега обезбедија:
А група: ГЕРМАНИЈА, СЛОВЕНИЈА, Шведска/Шпанија/Хрватска
Б група: ДАНСКА, НОРВЕШКА, ЕГИПЕТ, Франција/Унгарија

ОДБОЈКА

Само едно слободно место остана за четвртфиналето на олимпискиот турнир кај одбојкарките. Само теорија може да го одведе домаќинките меѓу осумте најдобри, а за тоа им е потребна убедлива победа над Американките.

Три натпревари директно ќе решаваат кои селекции ќе ги освојат првите, а кои вторите места во групите. Од тоа ќе зависи и распоредот за четвртфиналето.

09:00 Италија – Турција
13:00 Франција – САД
17:00 Кина – Србија
21:00 Бразил – Полска
*пласман во четвртфиналето досега обезбедија:
А група: КИНА, СРБИЈА, САД 3, Франција 0
Б група: БРАЗИЛ, ПОЛСКА
Ц група: ИТАЛИЈА, ТУРЦИЈА, ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА
Трето пласирани:

КОШАРКА

Нешто слично како кај одбојкарките е и на кошаркарскиот женски турнир. Таму пак има уште две места за четвртфиналето. Во игра за нив се дури шест селекции, но во предност е Кина која веќе има собрано 4 бодови, еден повеќе од Нигерија и Австралија. Селекциите на Канада, Белгија и Јапонија само со победи, но и поклопување на останатите резултати може да се надеваат на четвртфинале.

11:00 Јапонија – Белгија
13:30 Канада – Нигерија
17:15 Германија – САД
21:00 Австралија – Франција
*пласман во четвртфиналето досега обезбедија:
А група: ШПАНИЈА, СРБИЈА
Б група: ФРАНЦИЈА, Нигерија 3, Австралија 3, Канада 2
Ц група: САД, ГЕРМАНИЈА
Трето пласирани: Кина 4 бодови (3), Нигерија 3 (2) Австралија 3 (2) Канада 2 (2), Белгија 2 (2), Јапонија 2 (2)

ВАТЕРПОЛО

На женскиот ватерполо турнир нема ништо да се промени, до последниот, барем што се однесува на селекциите што ќе играат четвртфинале.

Седум од осумте репрезентации четвртфиналисти се веќе познати.

Единствената непозната е дали Франција или Грција ќе бидат меѓу осумте најдобри? Тоа ќе го дознаеме по нивниот дуел закажа за вечерва од 20 часот.

14:00 Унгарија – Австралија
15:35 Италија – Шпанија
18:30 Канада – Холандија
20:00 Франција – Грција
*пласман во четвртфиналето досега обезбедија
А група: АВСТРАЛИЈА, ХОЛАНДИЈА, УНГАРИЈА, КАНАДА
Б група: ШПАНИЈА, САДМ ИТАЛИЈА, Франција 3 / Грција 0

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА