Спортскиот свет со нетрпение ги одбројува петте дена до стартот на најголемиот планетарен собир Олимписки игри во Париз.
Македонија на Олимпијадата, покрај спортистите, ќе има претставници и меѓу арбитрите, оние кои ќе бидат задолжени за делење на правдата.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов – ракометни судии
На игрите ќе имаме претставници на ракометниот турнир, продолжувајќи го континуитетот на учество на големите турнири, нашите најдобри судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Најдобриот светски судиски тандем, во изминатата деценија, очекувано ја доби довербата од Светската ракометна федерација.
Николов и Начевски по четврти пат ќе бидат дел од Олимписките игри.
Тие зад себе имаат врвни натпреварувања, а пред три години на игрите во Токио 2021, го судеа финалето.
Бројни Светски и Европски првенства, се во биографијата на овие македонски арбитри, кои пред месец дена го судеа и финалето во Лигата на шампионите.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА