Европското фудбалско првенство завршуваа вечерва со големото финале во Берлин. 24 селекции се натпреваруваа во групната и нокаут фазата, а по еден месец останаа двете најдобри.
Шпанија и Англија ќе одиграат натпревар по кој ќе биде познат новиот шампион на Стариот континент. Шпанија е во потрага по рекордна четврта титула, додека Англија го посакува својот прв трофеј во европскиот шампионат.
Шпанците атакуваат на четвртата титула
Шпанија е една од двете најуспешни репрезентации во историјата на Европа со три титули, како и Германија, а без сомнение целта им е да остварат трет триумф на последните пет турнири.
За многу љубители на фудбалот, Шпанија беше најдобриот тим во текот на турнирот. Тимот ги комбинира искуството на ветераните Родриго и Алваро Мората и големиот талент на Ламин Џамал и Нико Вилијамс.
Избраниците на Луис де ла Фуенте се надеваат дека одличните настапи на првенството ќе ги крунисаат со нова титула, прва по 2012 година кога беа шампиони во Украина и Полска.
И имаа за право „црвената фурија“ да верува дека може до трофејот. Шпанците до финалето стигнаа со максимален ефект. Тие победија на сите шест натпревари.
Англија сонува за првиот трофеј
Англија стигна до второто последователно финале и се надева дека ќе го подигне трофејот за прв пат по поразот на пенали од Италија на „Вембли“ во 2021 година.
Пред првенството важеа за главен фаворит за шампионскиот трофеј, избраниците на Герет Саутгејт не не убедија во тоа. Сепак избраниците на Герет Саутгејт одиграа најзрело кога беше најпотребно. Беа на прагот на прагот на елиминација, со пресврт победи стигнаа до финалето, во кое ќе биде исклучително тешко да се поправи впечатокот.
Меѓусебни дуели
Селекциите на Шпанија и Англија досега имаат одиграно 27 натпревари. Поуспешни се Англичаните кои се радуваат на 13, а Шпанците победиле на 10 натпревари додека 4 завршиле нерешено. пати одиграа нерешено. Шпанците имаат постигнато 32, а Англичаните 45 голови.
Ова ќе биде трет натпревар меѓу Англичаните и Шпанците на ЕП, а на претходните два триумфираше Англија.
Сигурно дека Англичаните ќе се надеваат на продолжување на традицијата, која би ги одвела до првата шампионска „круна“. Но, Шпанија има што да покаже и да стане првата селекција која до трофејот стигната победувајќи на сите натпревари.
Аналитичарите и букмејкерите во моментов и даваат мала предност на Шпанија, а според Вас (нашите читатели) предноста на „црвената фурија“ е двојно поголема.
Резултатите од анкетата може да ги видите овде, а воедно и да гласате.