Позната е првата полуфинална двојка на Копа Америка. Откако веќе играа меѓу себе во групата, Аргентина и Канада сега ќе се сретнат и во полуфиналето.
Ова е исходот по вториот одигран четвртфинален натпревар во кој Канада по подоброто изведување на пенали ја мина Венецуела.
Регуларниот дел од натпреварот заврши со по еден постигнат гол. Канаѓаните поведоа во 13. минута со голот на Јакоб Шафелбург. Во 65.минута Венецуела израмнува, Саломон Рондон тргна во контра, почувствува дека голманот на Канада е далеку од неговиот гол и од голема далечина го лобуваше и погоди за 1:1. До крајот на мечот немаше нови голови и одлуката падна од 11 метри.
Во втората и четвртата серија двете селекци не реализираа, а во шестата серија Вилкер Ангел шутираше крај голот. Исмаел Коне постигна гол и ја однесе Канада во полуфиналето во кое ќе игра против бранителот на трофејот Аргентина.
Тоа ќе биде вториот дуел на Аргентина и Канада на годинашното издание на Копа Америка кое впрочем го отворија тие. Гаучосите ја добија таа средба со 2-0.