Се одиграа натпреварите од 1.коло во групата Ц на Копа Америка, а САД и Уругвај со заслужени победи го потврдија статусот на фаворити. Американците ја совладаа Боливија. а Уругвај беше подобар од Панама.
Домаќинот на ова натпреварување САД со 2-0 ја совлада Боливија. Веќе во третата минута Кристија Пулушиќ со прекрасен гол им донесе предност на Американците. Истиот фудбалер беше во улога на асистент кога во 44.минута Фоларин Балогун ги постави конечните 2-0.
Уругвајците кај со 3-1 славеа во дуелот со Панама. Во 16-тата минута Максимилијано Араухо го донесе водството на Уругвај. Во вториот дел листата на стрелци се запишаа Дарвин Нуњез и Матијас Вина. Почесниот гол за Панама го постигна Михаел Муриљо во судиското дополнување.
Ноќеска ќе се играат првите натпревари од Д групата. На полноќ ќе играат Колумбија и Парагвај, а дуелот Бразил – Костарика ќе почне во 3 часот.