Репрезентациите на Мексико и Венецуела со победи го почнаа својот настап во Б групата на Копа Америка, што се одржува во САД.

Мексиканците славеа потешко од очекуваното во дуелот со Јамајка, а Венецуела го изненади Еквадор (2:1).

На натпреварот одигран во Хјустон, селекцијата на Мексико доминираше против Јамајка, но изостана реализацијата. Од бројните шанси кои ги направија Мексиканците, само Мексико, Артеага во 69.минута да ја затресе мрежата на голманот Ваита кој беше најдобриот играч на натпреварот.

Еквадор ја имаше улогата на фаворит против Венецуела. Тоа го оправда во првиот дел по кој имаше водство од 1-0 со голот на Сармиенто 40-тата минута. Но, вредно е да се истакне дека нивниот најдобар играч Валенсија во 20,минита поради  неспортски потег заработи дитектен црвен картон.

Тоа го казнија фудбалерите на Венецуела во вториот дел со два гола. Кадиз во 64-тата и Бело во 74-тата минута донесоа пресврт победа на Венецуела, и зголемување на шансите за пласман во четвртфиналето.

Ноќеска ќе се играат првите натпревари од Ц групата. На полноќ, домаќинот САД се среќава со Боливија, а во 3 часот наутро ќе играат Уругвај и Панама.