Младата женска одбојкарска репрезентација на Македонија до 18 години, денеска започнува со настап на Балканското првенство.

Имено, во Тирана, Албанија, од денеска до сабота ќе се одржува регионалното првенство за кадетки.

На шампионатот ќе учествуваат осум репрезентации, а Македонија ќе игра во групата „А“ со домаќинот Албанија, Романија и Бугарија. Во група „Б“ се Турција, Србија, Црна Гора и Молдавија.

За оваа генерација на одбојкарки 2007-ма и помлади, тоа ќе биде трет настап во тековната година. Тие претходно играа во зонските квалификации за Европскиот шампионат. Избраничките на селекторот Александар Митев се истите кои настапија во јануарските евро-квалификации во Софија и на априлските во Врњачка Бања 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:

вторник , 18 јуни
Србија – Црна Гора (13ч.)
Бугарија – Романија (15.30 ч.)
Турција – Молдавија (18ч.)
МАКЕДОНИЈА – Албанија (20.30 ч.)
Среда, 19 јуни
Турција – Србија (13 ч.)
МАКЕДОНИЈА – Романија (15.30 ч.)
Молдавија – Црна Гора (18ч.)
Албанија – Бугарија (20.30 ч.)
четврток, 20 јуни
Црна Гора – Турција (13 ч.)
МАКЕДОНИЈА – Бугарија (15.30 ч.)
Србија – Молдавија (18ч.)
Романија – Албанија (20.30 ч.)
петок, 21 јуни
7 – 8 место: А4 – А3 (15ч)
Полуфинале (1): А1 – Б2 (17.30 ч.)
Полуфинале (2): Б1 – А2 (20ч.)
Сабота, 22 јуни
5-6 место (15.30 ч.)
3 место (18ч.)
Финале (20.30 ч.)

Сите актуелности поврзани со настапот на младите македонски одбојкарки следете ги овде.

СЕ ЗА НАСТАПИТЕ НА МЛАДИТЕ МАКЕОДНСКИ ОДБОЈКАРКИ

Следете нé на нашите социјални мрежи