Франција пристигнува во Германија како еден од фаворитите за шампионскиот трофеј.

И покрај малку послабото издание на Европското првенство во 2021 година, тимот на Дидие Дешамп играше во три финалиња во претходните осум години (на ЕУРО 2016, СП 2018 и СП 2022 година).

„Триколорите“ ќе бидат предводени од Килијан Мбапе, но годинава го имаат најширокиот ростер на имиња во 21 век. На новиот фудбалер на Реал, во нападот ќе и се придружат Усман Дембеле, Маркус Тирам и незаменливиот Антоан Гризман.
Франција има и силен среден ред што го сочинуваат играчи на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга и Орељан Чуамени. Поминувањето на групата не треба да биде доведено во прашање.

СОСТАВ НА ФРАНЦИЈА:

ГОЛМАНИ: Мајк Мањан (Милан), Алфонс Ареола (Вест Хем), Брис Самба (Ленс);

ОДБРАНА: Џонатан Клаус (Марсеј), Тео Ернандез (Милан), Ибрахима Конате (Ливерпул), Жил Кунде (Барселона), Ферлан Менди (Реал Мадрид), Бенџамин Павард (Баерн), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајо Упамекано (Баерн) .

СРЕДЕН РЕД: Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Јусуф Фофана (Монако), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Нголо Канте (Ал Итихад), Адријен Рабио (Јувентус), Орелијен Чуамени (Реал Мадрид), Ворен Заир Емери (Пари Сен Жермен);

НАПАД: Килијам Мбапе (Пари Сен Жермен), Кингли Коман (Баерн), Оливие Жиру (Лос Анџелес), Усман Дембеле (Пари Сен Жермен), Рандал Коло Муани (Пари Сен Жермен), Маркус Тирам (Интер), Бредли Баркола (Пари Сен Жермен).

Распоред на натпревари – Група Д

  1. коло – 17 јуни
    Австрија – Франција 21.00 часот (Дизелдорф)
  2. коло – 21 јуни
    Холандија – Франција 21.00 (Лајпциг)
  3. коло – 25 јуни
    Франција – Полска 18.00 (Дортмунд)

Најголеми успеси на Франција

„Галските петли“ целат на тронот и освојувањето на трофејот кој го чекаат 24 години.
Француската репрезентација последен пат го освои Европското првенство во 2000 година, кога турнирот се одржа во Белгија и Холандија. Две години пред тоа го освоија Светското првенство, а во 2006 година играа во финалето на СП кога Италија беше подобра.

Рангирање на ФИФА: 2 (4 април 2024 година)
Прв меѓународен натпревар: Белгија 3–3 Франција (Белгија; 1 мај 1904)
Најголема победа: Франција 14–0 Гибралтар (Ница , Франција; 18 ноември 2023 година)
Најголем пораз: Данска 17–1 Франција (Лондон , Англија; 22 октомври 1908)
Светско првенство:
Настапи: 16 (прво учество во 1930 г. )
Најдобар резултат: Шампиони ( 1998 , 2018 )
Европско првенство:
Настапи: 11 (прво во 1960 година )
Најдобар резултат: Шампиони ( 1984 , 2000)

Шанси за освојување на трофејот

Според „букмејкерите“ (Bet 365) репрезентацијата на Франција, по Англија, е со најголеми шанси за освојување на трофејот.